Сите средношколци кои што се во завршна, трета или четврта, година од гимназиското, уметничкото и стручното образование, денеска ќе бидат екстерно тестирани од двата предмети.
Матурантите оваа година за прв пат ќе полагаат екстерно, зашто ланските беа изземени од овој процес, и ќе бидат први на годинашното тестирање (2013/2014) зашто во јуни ќе имаат обврски за полагањето на државната матура. Сите други ученици, од трето одделение до трета година средно, екстерно ќе бидат тестирани на крајот на учебната година.
Министерството за образование и наука креираше систем во кој за матурантите пред трестирањето беа достапни околу 60.000 прашања за сите предмети од сите видови образование.
Бројот на прашања кои ќе бидат на тестот зависи од тоа колку е предметот застапен неделно во наставата, така што за предмет што учениците го имаат еднаш во неделата, просечно ќе има околу сто прашања.