Започнува есенската регрутација во Русија

Русија од први октомври ја започнува втората редовна годишна регрутација, а со нејзиното објавување Министерството за одбрана дава уверување дека идните регрути нема да учествуваат во борбените операции во Украина.

Вообичаено руските воени обврзници се повикани на 12-месечната основна воена обука, но ниту еден од нив нема да биде распореден ниту близу воената зона, изјави контраадмиралот Владимир Цимлјански, кој е одговорен за процесот на регрутација.

„Има доволно доброволци кои ги извршуваат соодветните задачи“ во Украина, истакнаа контраадмиралот.

Руското Министерство за одбрана спроведува годишно два брана на регрутирање. Според соопштението на Генералштабот, мажите по завршувањето на редовниот воен рок може да се вратат во своите семејства. Меѓутоа, за нив е оставена можност да склучат договор со министерството за професионално ангажирање по што следуваат специфични обуки за родот војска за кој ќе се определат. Исто така, може да се пријават и за учество во, како што Москва ја нарекува „специјалната воена операција“ во Украина, по што се упатуваат на повеќемесечно обуки на полигони на територијата на Русија.

Контаадмиралот Цимлјански не објави конкретни бројки за тоа колку регрути ќе бидат овојпат повикани во текот на есенската кампања. Вообичаено, околу 120.000 регрути го завршуваат својот редовен воен рок. Оваа пролет биле повикани 147.000 регрути, според Цимлјански.

Контраадмиралот во обраќањето до јавноста особено истакна дека рускиот Генералштаб нема планови за дополнителна мобилизација. Истакна дека во моментов има „доволно персонал кој е подготвен да се ангажира во војската според договор“, како и доволнен број „доброволци кои решиле да учествуваат во специјалната воена операција“ во Украина.

„Во моментов, значително е зголемен бројот на граѓаните коишто одлучиле доброволно да стапат во воена служба со договор“ со министерството за одбрана, истакна Цимлјански додавајќи дека поради тој наплив е проширена мражата од пунктови за пријавување на граѓаните за служење по договори, како што е зголем и бројот инструктори за работа со кандидатите.

Според официјалните руски податоци, околу 300.000 доброволци се пријавиле за служење во војската последните месеци. Русија, којашто инвазијата во Украина ја започна на 24-ти февраури 2022 година со само околу 100.000 војници, досега спроведе делумна мобилизација на активниот резервен состав на армијата, ланскиот септември на околу 300.000 лица што е само малку повеќе од 1 отсто од проценетиот активен резервен состав на руските вооружени сили. Мобилизацијата тогаш беше објавена седум месеци по украинскиот конфликт, откако Киев отфрли мирно решение и вети дека ќе продолжи да се бори против Русија со поддршка од своите западни сојузници.