
Од денеска започнува изградбата на првите куќи кои беа уништени во поплавите кои ја зафатија Србија, а парите за нивната изградба се обезбедни од донации, изјавија од српската Канцеларија за обнова и помош на поплавените подрачја.
Оттаму додадоа дека собраните пари за помош сеуште не можат да се трошат поради процедурата која не овозможува ефикасност и транспарентност.
Амбасадорот на САД во Србија, Мајкл Кирби изјави дека американската влада дополнително обезбедила 1,5 милиони долари помош за загрозеното население, со што се доаѓа до бројката од 2 милиони долари кои на загрозените е донирана од страна на САД.