Започнува меѓународната истрага во Украина по наводите за „валканата бомба“

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ – IAEA) соопшти дека ја започнала инспекцијата на две локации во Украина на коишто, според руските предупредувања, се работело на подготовка на „валкана бомба“ со која требало да биде изведена провокација за којашто ќе биде обвинета Русија.

Пред две седмици Москва достави сознанија дека на две посочени локации во Украина со помош на британски специјалисти се подготвува провокација со употреба на ткн „валкана бомба“ за чијашто употреба на територии под контрола на Киев требало да биде Русија.

Челникот на МААЕ, Рафаел Гроси изјави дека инспекторите започнале работата на локациите, како и дека наскоро ќе ја завршат мисијата која е организирана по барање на украинската влада. Целта на „активностите на проверка“ е откривање можни непријавени нуклеарни активности и материјални поврзани со развојот на ткн „валкани бомби“, соопшти МААЕ.

Кремљ истрајно тврди дека Киев може да употреби „валкана бомба“, конвенционална експлозивна направа која растура радиоактивен материјал на својата територија во уште една операција за меѓународна дискредитација на Москва и со цел да се покрене голема кампања меѓу земјите кои соработуваат со Русија и на земјата да ѝ се одземе статусот постојана членка на Советот за безбедност при ОН.

Сојузниците на Украина, кои сите се Западни земји, го отфрлаат ова предупредување како „неоснована пропаганда“.

Рускиот претседател Владимир Путин неодамна рече дека власта во Киев сака „да ги прикрие трагите за создавање ‘валкана бомба’“, и посочи дека Москва има податоци каде таа се прави.

Меѓународната агенција за атомска енергија, чие седиште е во Вина, редовно врши инспекции на цивилните нуклеарно постројки ширум светот, но за Украина немаше досега никакви податоци, за да се осигури дека фусиските материјали не се злоупотребуваат во воени цели.