Вечерва почнува новата 69-та сезона во НБА лигата, а на програмата се три натпревари.
Сезоната ќе ја отвори бранителот на титулата, тимот на Сан Антонио, а противник ќе му биде локалниот ривал, Далас. Останатите два натпревари се Њу Орлеанс – Орландо и ЛА Лејкерс – Хјустон.
Инаку најмногу внимание сезонава секако ќе привлече тимот на Кливленд, не само затоа што го вратија најдобриот НБА играч, туку и дека во своите редови веќе го имаа Кајри Ирвинг, а како засилување пристигна и едно од најдобрите крила во лигата, Кевин Лав.
Сезонава враќање на теренот ќе направи и ѕвездата на ЛА Лејкерс Коби Брајант.
Втора година по ред во дресот на Атланта ќе настапува и македонскиот кошаркар Перо Антиќ. Амбициите на оваа екипа се повторно да се избори место во плеј-офот. Атланта првиот натпревар ќе го игра утревечер на теренот на Торонто.