Почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против грип, информираат од Министерство за здравство. Заинтерисираните граѓани може да се пријават преку веб страницата vakcinacija.mk. Со бесплатна вакцинација се опфатени следните ризични групи:
Повозрасни лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца до пет години, лица сместени во старечки домови, вработени во установи за социјална заштита на стари лица.
Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје, до 6.10 годинава, пријавени се 25 случаи на грип. Министерството најави дека се набавени 70 илјади дози, четири типа на вакцина.
Матичните доктори со апел да се вакцинираат граѓаните. Во ординациите кај матичните лекари има и случаи со Ковид-19 во овој период, а најчесто се тоа средношколци со покаќена температура и со ниски леукоцити во крвната слика.
Матичните лекари велат дека најчесто болничко лекување им е потребно на постарите и на хроничните болни кои имаат дијагноза Ковид-19.
Од МЗ најавија дека се стигнати 11.520 дози вакцини, а тие може да се примат во поликлиниката Бит пазар. Министерството во соопштението објаснува дека вакцините против Ковид-19 се наменети за повозрасни и за адолесценти над 12 години.