Започна авионско гаснење на пожарот кај Саса

Пожарот во село Саса сѐ уште е активен, но ставен под контрола. Акцијата, како што информира Малин Трајчевски, командир на Територијална противпожарна единиц (ТППЕ( од Македонска Каменица од утрово е поддржана и со авионско гасење.

„Спасени се домовите на жителите од село Саса. Жителите од маало Аџии повторно се во своите куќи кои во синоќешната акција ТППЕ од Македонска Каменица и регионот, екипи на Национални шуми, Шумска полиција со поддршка на ЈП Камена Река успеаја да ги спасат од огнената стихија, изјави Трајчевски.

Екипите остануваат на терен до целосно гаснење на пожарот, чие гасење е отежнато од силниот ветер и непристапниот терен.