Аџиите во Саудиска Арабија учествуваат на завршните обреди од годишниот хаџ, додека муслиманите ширум светот го славата Курбан бајрам кој започна во вторникот.
Во текот на првиот ден од четиридневното славење на празникот, муслиманските верници се собраа на раните утрински молитви во џамиите. Следеше жртвувањето на животните, со што се одбележува подготвеноста на Ибрахим да го жртвува синот Исмаил кој според преданието е поштеден, а наместо него е жртвувана овца.
Овците претежно се избираат како жртвени животни, но и друга стока како крави и кози може да се употребат како принесување на жртвата. Според исламот, жртвеното месо мора да се подели на три дела. Еден е за семејството, вториот за роднините и пријателите, а последната за сиромашните.
Датумот на одбележувањето на Курбан бајрам зависи од исламскиот лунарен календар и месечевите мени. Иако повеќето земји со прославата на Курбан бајрам започнаа во вторникот, Мароко, на пример, ќе почне да слави во среда. Курбан бајрам секогаш се паѓа во ист ден според исламскиот календар, но според Грегоријанскиот календар датумот е различен од година в година, бидејќи исламскиот календар е месечев календар, додека Грегоријанскиот календар е сончев календар. Месечевиот календар е приближно 11 дена пократок од сончевиот календар.
Повеќе од 2,3 милиони муслимани во моментов во Саудиска Арабија се наоѓаат на годишниот хаџ, најголемото исламско собирање на верниците.
Првиот ден од Курбан бајрам аџиите го изведуваат симболичниот ритуал на каменување на сотоната на планината Арафат, при што со 21 каменче гаѓаат три ѕида коишто го симболиираат шејтанот. Ритуалот се одвива во Мина, оддалечена шест километри североисточно од Мека. По изведувањето на ритуалот, машките аџии ги пресоблекуваат наметките, вообичаено ги бричат главите и колат жртвени животни, додека жените си отсекуваат прамен од косата.