Средбата на еврокомесарот за преговори за проширување и соседска политика Јоханес Хан со лидерите на четирите најголеми партии во земјата започна во резиденцијата на ЕУ во Пржино.
Средбата со партиските лидери на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмeти и Мендух Тачи е во врска со исполнување на обрвските од Договорот од Прижино постигнат во јуни оваа година.
Претходно денеска Хан имаше одвоени средби со лидерите на четирите партии.
На лидерската средба, а и на дел од одвоените средби денеска присуствуваат и евроамбасадорот Аиво Орав, американскиот амбасадор Џес Бејли.
По 17 часот во резиденцијата на ЕУ пристигна и белгискиот посредник во разговорите на работните групи Питер Ванхауте, кој истакна дека се работи секој ден за да се постигне напредок.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски на средбата е придружуван од Мартин Протуѓер, Никола Попоски, Никола Тодоров, Билјана Бришкоска Бошковски и Илија Димовсски, Заев на средбата дојде со Радмила Шеќеринска, Дамјан Манчевски, Рената Дескоска и Оливер Спасовски. Претседателот на ДПА Тачи е заедно со Имер Алиу и Луан Треси, додека Ахмети е придружуван од Артан Груби.