Кире Лазаров со шест гола од 11 обиди беше најефикасен играч во составот на Барселона. Исто толку погодоци постигна и најдобриот стрелец кај Рајн Некар, Уве Геншајмер. Значаен придонес во триумфот на германскиот тим имаше и Андре Шмит со пет погодоци.
Натпреварот на колото меѓу Рајн Некар и Барселона го водеа македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.
По серијата изненадувања во претходните два дена, во првото коло падна уште еден фаворит. Ланскиот учесник на фајналфор, Киелце, на гостувањето во Унгарија загуби минимално од Пик Сегед (31:30). Тимот на Талант Душебаев го комплетира друштвото на фаворитите што потрфрлија на стартот од новата сезона во ЛШ, заедно со поразените Кил, ПСЖ, КИФ Колдинг и европскиот вицешампион Веспрем, кој освои само бод во дуелот со Висла Плок. Унгарските медими најавуваат дека утренерот Антонио Карлос Ортега доби отказ на клупата на Веспрем, информација чија потврда или пак демант се очекува во текот на утрешниот ден.
Комплетни резултати ЛШ, 1-во коло:
Група А:
ППД Загреб – Кил 29:22
Висла Плок – Веспрем 27:27
Флензбург – ПСЖ 39:32
Бешикташ – Целје 24:30
Група Б:
Кристијанштад – КИФ Колдинг 33:26
Пик Сегед – Киелце 31:30
Монпеље – Вардар 25:30
Рајн Некар – Барселона 22:21
Група Ц:
Чеховски Медведи – Ла Риоха 27:26
Мешков Брест – Војводина 34:22
Порто – Татран Прешов 33:23
Група Д:
Кадетен Шафхаузен – Елверум 30:31
Мотор Запорожје –Металург 30:24
Скјерн – Баја Маре 32:28