![ljubojna-640x360](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/07/ljubojna-640x360.jpg?resize=640%2C360&ssl=1)
Манифестацијата е дел од Програмата за култура за 2016 година на општина Кисела Вода, а ќе се реализира од денеска до 30 јули со 10 културни настани, сите со почеток од 20:30 часот.
Предвидени се настапи на повеќе реномирани домашни имиња од народната и од забавната музика, како и две претстави – од Драмскиот театар „Чолак“ и хумористична театарска претстава со артистите Гоце Тодоровски и Ванчо Петрушевски.
Целовечерен концерт треба да одржи и КУД „Китка“, а манифестацијата ќе биде затворена со концерт на Наум Петрески.