Започнува постапка на реорганизација на рудниците на Индо минерали, повеќе компании заинтересирани

Стечај на рудниците за олово и цинк на Индо минерали е отворен денес, како резултат на барањата на синдикатот.

Со отворање на стечајот се создаваат услови за реорганизација, компании да го превземат работењето и вработените да останат.

Лидерот на синдикатот за индустрија и рударство, Пеце Ристевски во изјава за КУРИР вели дека стечајот че значи сигурност за работниците дека нивниот труд ќе биде валоризиран и дека нема несигурност и агонија.

-Можеби парадоксално звучи, но факт е дека работниците од овие два рудника посакуваа стечај имајќи ја во предвид несигурноста која уследи во последните месеци како резултат на долговите на компанијата Индо минерали. Најважно е што работниците ќе бидат задржани на работа од компанијата, и се трага по нови инвеститори кои ќе инвестираат во рудниците, вели Пеце Ристевски.

Тоа значи дека работниците се безбедни, односно сите побарувања кои ги имаат секако ќе им бидат валоризирани, но она што е најбитно е дека со отворање на постапката за стечај се создаваат можности компании кои ќе имаат интерес да можат да го превземат работењето на рудникот.

Такви компании има повеќе кои покажуваат волја да го превземат, вработените да останат на работа и да продолжи нормалното функционирање.

Стечајот е резултат на надворешни долгови на Индо минерали направени во странство.

Инаку, рудникот се затвори за време на владеењето на СДСМ, а беше рестартиран токму во периодот на владеење на ВМРО-ДПМНЕ.