![struski](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/08/struski.jpg?resize=500%2C283&ssl=1)
Неофицијалниот дел од програмата на 54. издание на фестивалот Струшки вечери на поезијата започнува денес со работилница за деца „Како настанува книгата“.
Официјалниот дел на годинешните Струшки вечери на поезијата ќе се одржи од 26 до 31 август во Струга.
Во рамките на fестивалската програма, вечер ќе биде отворена неделата на поетски и документарни филмови посветени на поезијата, што ќе се реализира во соработка со Фестивалот на поетски филмови „Зебра“ од Берлин. Покрај изборот од неколку кратки поетски филмови ќе биде прикажан и документарниот филм „Звуците на Ариранг“ посветен на добитникот на Златниот венец за 2014 година, корејскиот поет Ко Ун. Утре ќе се одржат книжевни промоции на македонската поетска продукција.
![Од утре почнува официјалниот дел на Струшки вечери на поезијата](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/08/strushki.jpg?resize=640%2C400)
Од утре почнува официјалниот дел на Струшки вечери на поезијата
Официјалниот дел од Фестивалот ќе почне в среда, со традиционалното засадување дрвце во Паркот на поезијата, во чест на лауреатот, кинескиот поет Беи Дао, читање на Константиновата Т`га за југ, а годинава поетско послание ќе има познатиот сириско-либански поет со светска слава Адонис, кој ќе се обрати во име на сите поети учесници и лауреати на Златниот венец кој годинава одблежува 50 години.
Традиционално на затворањето на манифестацијата „Мостови“ ќе бидат врачени наградите „Златен венец“ на кинескиот лауреат Беи Дао, „Мостови на Струга“ – за дебитантска поетска книга на млад странски автор на Паула Бозалонго од Шпанија и на македонскиот поет кој ќе ја добие наградата „Браќа Миладиновци“.