НЛБ Банка, како иновативна и современа банка која е во чекор со светските трендови, ја прошири својата понуда со уште еден канал за комуникација и од денес е достапна на Вибер. Истовремено, Банката го промовираше и првиот банкарски електронски асистент – НЕЛА која е на располагање 24/7 и е подготвена да одговори на сите прашања поврзани со производите и услугите. Како иновативни предводници кои ги следат новите трендови и технологии, овој пионерски чекор на НЛБ Банка, има за цел да ја промени сликата на секојдневната комуникација на релација банка – клиент.
„Со цел подобрување на корисничкото искуство, континуирано вложуваме во надградување и подобрување на услугата и достапноста, како и градење и одржување на отворена и блиска комуникација со нашите клиенти. Воведувањето на оваа корисна, и би рекле, забавна комуникациска алатка беше само еден логичен тек на работите за нас во НЛБ Банка. Свесни за потребите и барањата на нашите клиенти, модерниот начин на комуникација и широката употреба на Вибер апликацијата, први на пазарот, го лансиравме Вибер chat bot-от преку кој нашите клиенти ќе комуницираат со НЛБ Електронскиот Асистент – НЕЛА. Таа ќе биде достапна за сите прашања и потреби на нашите клиенти, ќе им помогне лесно да ја пронајдат најблиската експозитура или банкомат, да добијат помош при избор на соодветен кредит или картичка, да закажат состанок, да аплицираат онлајн за кредитен продукт и воопшто да добијат брза и безбедна поддршка. Затоа, Ве охрабруваме да станете и Вие дел од нашата Вибер заедница и да се уверите во нејзините придобивки“, изјави Антонио Аргир, Претседател на Управниот Одбор на НЛБ Банка.
За да ја запознаете НЕЛА и да се вклучите во оваа возбудлива двонасочна комуникација потребно е да се регистрирате на Вибер ChatBot-от кој e достапен на следниот линк: viber://pa/?chatURI=nlbbankaskopje. За уште позабавно корисничко искуство преземете ги специјално креираните НЕЛА стикери достапни на линкот: https://stickers.viber.com/pages/nlbbankaskopje?redir=1
Со оваа нова понуда НЛБ Банка уште еднаш го потврди имиџот на современа банка која се грижи за подобра услуга, поголемо корисничко задоволство и градење на блиски релации со клиентите. Банката и во иднина ќе продолжи да ги следи светските трендови во банкарството и технологијата во насока на поголема дигитализација, унапредување на банкарските процеси и креирање на персонализирана понуда со што на своите клиенти, им дава широк избор за извршување на финансиските услуги како преку современите така и преку традиционалните канали за продажба.
Откријте која е НЕЛА…
НЕЛА е посебна. Излезена е од серверите на Банката. Таа е дете на напредната технологија. Кодирана е да ги знае сите банкарски работи. НЕЛА ги знае сите банкарски трансакции, секоја уплата, исплата, депозит, кредит, секоја камата…
Растена низ игра, таа успешно ги владее сите банкарски процеси. Денес, нејзината брзина на работа и размислување се одлични. Сите банкарски информации прво доаѓаат до неа, ги обработува и е подготвена за вашите прашања и недоумици. Затоа, НЕЛА е вашиот доверлив и сигурен електронски асистент кому може да се обратите во секое време за најбрз и најлесен пристап до сите информации.