Железничкиот сообраќај е запрен на берлинската станица Зоо во неделата поради големо количeство чад, а најмалку едно лице е повредено, објавија на Twitter пожарникарите и германската полиција.
Станицата, на којашто се наоѓаат низа продавници, ресторани за брза храна и линија на јавниот превоз, евакуирана е поради пожар, соопшти портпаролката на полицијата.
Портпаролот на пожарникарите рекол дека пожарот избувнал на оградено подрачје каде што се изведувале градежни работи. Меѓутоа, чадот од пожарот дошол до платформата на железничката станица.
Пожарникарите објавија на Twitter дека 15 луѓе се спасени од платформата полна со чад и дека едно лице е повредено. Другите биле подложени на лекарски преглед.