
Од неделата запрени се сите градежни активности на три модуларни амбуланти во Скопје, објави Фактор.
Новите модуларни болници требало да се постават на местото на старите амбуланти во Ѓорче Петров, Бутел и во Ново Лисиче.
Се претпоставува дека прекинот на градежните работи е поради прашања поврзани со нивната безбедност по трагедијата во Тетово, кога само за неколку минути изгоре модуларната ковид болница во која животите ги загубија 14 луѓе.