Од лондонскиот аеродром „Хитроу”, најфреквентниот европски аеродром по број на патници, соопштија дека се прекинати сите полетувања откако е забележан дрон, пренесува АФП.
Веднаш реагиравме откако го забележавме беспилотното летало во реонот на „Хитроу” и работиме во координација со полицијата, за да спречиме било каква закана за безбедноста, соопштија аеродромските власти.
Сепак, слетувања има и авионите може да се приземјуваат на овој лондонски аеродром, дополнуваат светските агенции.