Заради недомаќинското и криминално работење на власта на Ковачевски половина милијарда евра ќе се потрошат за струја, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Заради недомаќинското и криминално работење на власта на Ковачевски половина милијарда евра ќе се потрошат за струја, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ковачевски првин велеше дека за покривање на кризата за купување на струја ќе бидат потребни 150 милиони евра, за потоа да излезат со информација по состанокот кај Пендаровски и да тврдат дека се потребни 300 милиони евра. Но повторно не ја говорат вистината, бидејќи кога ги прават пресметките забораваат на стопанството и на локалните самоуправи.

И наместо да работат цела година да го превенираат недостатокот и високите цени, тие се посветени на превозот на јаглен и мазут, кој да го транспортира или која фирма да го набавува.

И додека власта брка проценти, народот плаќа поскапа струја, а има најава и за ново покачување, токму од Ковачевски за од јануари, стои во партиското соопштение и се додава:

„На удар е стопанството кое плаќа 4 пати повисоки сметки од до сега, но и единиците на локална самоуправа и јавните претпријатија кои за струја одвојуваат и до 30% од приходите.

Оваа ситуација ја создаде власта, зошто не овозможи домашно производство, кога имаше можност да набави енергенси како јаглен и мазут, ниту пак се посвети на нови копови и откривки во постојните копови.

Доколку власта итно не го смени пристапот, половина милијарда евра ќе бидат потребни за да се потрошат како резултат на нивната неспособност и криминогеност“.