Заразени патници на лет од Закинтос до Кардиф

Сите патници на лет од грчкиот остров Закинтос за главниот град на Велс мора да одат во самоизолација, откако лица меѓу нив биле позитивни на коронавирусот, пренесува во понеделникот BBC.

Здравствените власти известиле дека дсоега се заразени седум патници на тричасовниот лет од грчкиот остров до Кардиф. Од минатата седмица се обидуваат да стапат во контакт со сите 193 патници и членови на екипажот.

Патниците кои ги имаат симптомите, др Гири Шанкар од заводот за јавно здравје во Велс, ги повикал веднаш да се тестираат.

„Сите патници на споменатиот лет ги сметаме за конткти и сите мора да одат во самоизолација. Мора да одат во карантин во своите домови, бидејќи може да станат заразни, дири и ако немаат симптоми“, додал др Шанкар.

Стефани Витлфилд од Кардиф, која патувала со сопругот, изјавила за BBC дека воопшто не е изненадена.

„Летот беше катастрофа. Човекот до мене ја спушти маската околу вратот. Не само што екипажот не бараше да ја стави на лицето, туку дури му дадоа и бесплатен пијалак кога рече дека познава една стјуардеса. Многу луѓе ги симнаа маските и шетаа по авионот и разговараа со другите“, вели Витфилд.

Од воздухопловната компанија „Tui“ тврделе дека сите патници во текот на летот се придржувале до епидемиолошките мерки, вклучително и носењето маски за лице.

„Безбедноста и здравјето на патниците и екипажите е наш највисок приоритет и делуваме во согласност со насоките на Европската агенција за безбедност во воздушниот сообраќај“, истакнал портпаролот на компанијата.