Студија објавена во списанието Лансет покажува дека вакцинацијата го намалува ризикот од тешки форми на болеста за сите варијанти на корона вирусот, пренесува Би -Би -Си.
Студијата, спроведена од Агенцијата за јавно здравје на Англија и Советот за медицински истражувања, анализирала повеќе од 43,000 случаи на инфекција помеѓу март и мај, кога варијантите алфа и делта биле доминантно присутни во Велика Британија.
Случаите на инфекција биле испитани главно кај луѓе кои не биле вакцинирани, а ризикот од болничко лекување бил двојно поголем кај лица заразени со делта варијантата на коронавирус.
Експертите посочуваат дека вакцинацијата го намалува ризикот од хоспитализација и посочуваат дека е потребна целосна вакцинација, односно двете дози на вакцината.
Варијантата делта во моментов има удел од над 99% од случаите на коронавирус во Велика Британија.