Жарко Трајановски и Петрит Сарачини станаа дел од ПР-от на Владата

Граѓанскиот активист Жарко Трајаноски и Петрит Сарачини се ангажирани во ПР-от службата на Владата, за „Плусинфо“ потврди владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Трајаноски на јавноста и е познат како граѓански активист и учесник во Шарената револуција, а Сарачини беше дел од кабинетот на екс- министерот за култура Роберт Алаѓозовски. По оставката на министерот од кабинетот замина и Сарачини, но за кусо време тој повторно е ангажиран да работи за Владата.

Жарко Трајаноски и Петрит Сарачини се ангажирани за извршување професионални задачи за потребите на Секторот за односи со јавноста на Владата на РМ. Жарко Трајаноски е ангажиран за истражувања и анализи, а Петрит Сарачини за медиумски мониторинг, во согласност со нивните професионални компетенции. Нивните ангажмани се регулирани со договор на дело, потврдил Бошњаковски за „Плусинфо“.

Од Владата нема одговор колкави се примањата на Трајаноски и Сарачини.