Двајца несреќни криумчари се заглавиле во контејнер со кокаин во белгиското пристаниште Антверпен на пеколните горештини и сфаќајќи дека животот им е помил од заработката, ја повикале полицијата да ги спаси.
Смртните случаи за малку ќе се случеле во средата на еден од големите терминали во пристаништето во Антверпен, кој се смета за главниот европски влез за кокаинот криумчарен од Јужна Америка, пренесуваат локалните медиуми во четвртокот.
Кон средината на денот полицијата во Антверпен примила итен повик за помош од двајца мажи кои рекле дека се „заробени“ во метален контејнер од кој извлекувале дрога. На полицијата ѝ биле потребни речиси два часа да ги локализира мажите во непрегледната низа од контејнери.
Полицајците пронашле двајца мажи голи до појасот кои не прижале никаков отпор. Пристанишните работнииц ги полевале со вода од шишиња, а надворешната температура во тој дел од денот изнесувала 40 Целзиусови степени.
Мажите се ставени во притвор и подоцна во четвртокот треба да дадат исказ откако ќе бидат во состојба, соопшти портпаролот на државното обвинителство. Додаде дека осомничените се жители на Антверпен
Полицијата засега не објавува за кое количество кокаин станува збвор, но локалниот весник Gazet van Antwerpen шпекулира дека имало стотици килограми од дрогата. Повеже од 50 тони кокаин се запленети во текот на минатата 2018 година во антверпенското пристаниште, што де досега најголемо количество кокаин, според официјалните податоци.
Антверпен е врторото најголемо комерцијални пристаниште во Европа, по она во Ротердам во соседна Холандија.