
Во моментов 32 здравствени работници од Клиниката за нефрологија се заболени со Covid-19, информираа за МИА од Министерството за здравство.
Двајца од нив се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, а еден техничар е хоспитализиран на Клиниката за кожни болести.
„Работењето на Клиниката за нефрологија се одвива регуларно и нема никаков застој во извршување на тековните обврски. За сите кои отсуствуваат има дополнителен кадар кој го надополнува отсуството“, посочуваат од Министерството.