Заштита од кражби во летниот период во Општина Аеродром

Денеска, 9.7.2014 година во ТЦ „Капитол Мол“ се промовираше реализацијата на проектот „Превенција од имотни деликти“, кој се организира во соработка со полициската станица „Аеродром“.

Основна цел на проектот е да се зголеми информираноста на граѓаните како да се заштитат од кражби во летниот период, подобрување на безбедносната состојба на територијата на Град Скопје, со што ќе се придонесе за зголемено чувство на сигурност на граѓаните, соработка и зголемена доверба во полицијата.

На влезот во ТЦ „Капитол Мол“ ќе биде поставен информативен пункт на кој полициски службеници ќе остваруваат контакт со граѓаните, ќе се дели пропаганден материјал и ќе се делат совети за спречување кражби во станови, куќи и возила, а со цел подигнување на свеста на граѓаните и преземање соодветни мерки за самозаштита од провални кражби.

Преку едукацијата на граѓаните се очекува да се зголемат безбедносните мерки и безбедносната култура. На овој начин би се подобрила и соработката на граѓаните со полицијата, така што би се стеснил просторот и би се отежнале условите за вршење на кривичните дела.