
Фудбалерите на Јувентус се искачија на четвртото место на тебелата на италијанското првенство, откако во 24-то коло со 2:0 на домашен терен ја совладаа Верона/
Јувентус до новите три бода стаса благодарејќи на своите засилувања дојдени во зимскиот преоден рок. Првиот погодок го постигна Душан Влаховиќ во 13 минута, кога со лоб удар го совлада Мотипоп, по проигрувањето на Паоло Дибала, а конечниот резултат го постави во 61 минута Денис Закарија по асистенција на Алваро Мората.
Четвртиот Јувентус сега има 45 бодови, два повеќе од петтата Аталанта, додека Верона остана на 33 бодови и е деветта. На врвот е Интер со 53 бодови, бод повече со меч помалку од Наполи и Милан.
Аталанта со 1:2 на домашен терен беше непријатно изненадена од Калјари кој се бори за опстанок, Самдорија со 4:0 го декласираше Сасуоло, Наполи на Ељилф Елмас со 2:0 на гости ја доби Венеција, а Удинезе со идентичен резултат на домашен терен беше подобар од Торино.