![smartfoni](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/smartfoni.jpg?resize=287%2C176&ssl=1)
По годините голем раст, пазарот на паметните телефони одеднаш запре, истражувањата покажуваат дека продажбата на смарт уредите првпат паднала откако во 2007 година беше претставен iPhone, а почетните податоци за оваа година укажуваат дека ќе има дополнително забавување.
Аналитичарите тврдат дека за тоа се заслужни неколку фактори, вклучително и недостигот од нови функции коишто би ги восхителе потрошувачите, подолгото користење на телефоните, како и поради заситувањето на клучните пазари, во прв ред кинескиот, коишто досега го поттикнуваа растот.
„Пазарот стаса до врвот, тоа е суштината. Тоа сигурно не претставува крај за паметните телефони, тоа е крај на растот на нивниот пазар“, вели за AFP Боб О’Донел, аналитичар и консултант од компанијата „Technalaysis Research“ којашто се занимава со анализа на пазарите.
Заситувањето доаѓа слично како што тоа се случи и со пазарот на таблетите и персоналните компјутери неколку години порано.
„Тоа не значи дека станува збор за силен пазар, тој е огромен, но тоа значи дека продавачите ќе мора да почнат поинаку да размислуваат“, истакнува О’Донел.
Продавачите на паметните телефони не смеат повеќе да сметаат на брзорастечката продажба и наместо тоа мора да бидат покомпетитивни во натпреварувањето со конкуренцијата, сметаат аналитичарите.
Јужнокорејскиот технологшки гигант „Samsung“ и натаму го има најголемиот удел во глобалниот пазар на паметните телефони, но неговата предност пред американси „Apple“ се намалува. На третото место е кинески „Huawei“, а брзо расте и нивниот домашен ривал „Xiaomi“, и покрај тоа што не е присутен на американскиот пазар.