2.8 C
Skopje
вторник, декември 24, 2024

Заслужуваме подобро, заедно ќе успееме за наше единствено Скопје, порача Арсовска

Независниот кандидат за градоначалник на градот Скопје Данела Арсовска преку статус на Фејсбук и видео обраќање и ја честиташе независноста на нашата татковина Македонија.

-Пред 30 години на денешен ден Македонија ја прогласи својата независност. Се исполни сонот на сите нас, но и на многу генерации пред нас! Се исполни копнежот за независна држава. Скопје, тој ден беше
центар на една силна емоција, надеж, остварен сон.

Низ овие триесет години Скопје ја делеше судбината на скопјани и на Македонија. Нашиот град имаше и повеќе и помалку убави моменти… Но, она што сите го гледаме пред сопствените очи е дека Скопје ја губи својата душа, својата функционалност, својот шарм. Денес Скопје стагнира.

Наместо во здрава и чиста животна средина, денес скопјани живеат во загаден и нечист град. Наместо европско, паметно и напредно Скопје, се соочуваме со проблеми кои се за минатиот век. Патот до развиено и
модерно Скопје не е лесен. Бара лична жртва и многу труд. Мораме да го вложиме целиот свој потенцијал за да излеземе на крај со бројните проблеми.

Ветувам напорна работа и гарантирам. брзи резултати.

Ветувам енергичност и професионален пристап, пожртвуваност и истрајност.

За Скопје со двојно повеќе зеленило и паркови во секоја скопска општина.

За Метропола со квалитетни сообраќајни решенија и без метеж. За Скопје на културата, уметноста и на спортот. За Скопје како вистински паметен град кој ги следи новите технологии и животниот стил на новите
генерации. За Скопје кое ја почитува традицијата и кој гледа напред кон иднината. За Скопје кое обединува и кое подеднакво се грижи за сите негови жители, без поделби. За наше единствено Скопје. За Скопје
најдоброто следува и знам дека ќе успееме! Секој следен осми септември ќе биде поинаков за Скопје.

Секое следно одбележување на македонската независност ќе биде повод за нова радост на нашите заеднички успеси како скопјани! Силно верувам и знам дека оваа голема цел ќе ја оствариме.

Да бидеме горди, драги сограѓани. Нека ни е честит и вековит 8 Септември, стои  во нејзиниот пост на Фејсбук.