Засолништето под театарот во Мариупол издржало, луѓето излегуваат живи

@Maxar (very quickly) releases satellite images of the Mariupol theater it says were taken 14 March. the words "children" are visible in white, written on the pavement in front and back of the theater. E' quanto si legge sull'account Twitter Mike Eckel, 16 marzo 2022. TWITTER

Засолништето под театарот во опколениот пристанишен град Мариупол на доминатни рускојазичниот југ на Украина го издржал, како што тврди украинската страна „рускиот воздушен напад“, а се верува дека има преживеани, изјавило во четвртокот лице од локалните украински власти.

Украина во средата ги обвини руските сили дека „фрлиле силна бомба“ врз театарот, каде имало „илјада цивили, вклучително и многу деца, кои се криеле повеќе од две седмици“.

Меѓутоа, претставниците на проруската милиција во ткн Донецка Народна Република, чиј регион пред 2014 година го опфаќаше и Мариупол, го обвини злогласниот баталјон „Азов“ на украинските ултранационалисти, дека со тенкови го гаѓале театарот за да ја обвинат Русија.

„Луѓето кои излегуваат од таму (Мариупол), кои живееле таму, велат дека во театарот бил сместен штабот на ‘Азов’ и оти тие решиле да направат ‘слика’ – од тенкови го гаѓале а потоа изјавуваат дека Русија го бомбардирале културниот центар, дека има мртви“, изјави за руската телевизија Россия 1, претставникот на донецката милиција Едуард Басурин.

Речиси половинамилионскиот Мариупол, во кој според последните објавени резултати од пред десет години Украинците се за три отсто побројни од Русите но над 80 отсто од населението го наведува рускиот јазик како мајчин, по превратот во пролетта 2014 година беше во составот на самопроглаената ДНР но потоа мина под контрола на украинската војска и паравоените формации, а во неговите предградија беше отворен жесток фронт.

„Засолништето од бомби издржа. Сега се расчистуваат урнатините. Има преживеани. Сѐ уште не го знаеме бројот на жртвите“, рекол за Reuters во телефонски разговор советникот на градоначалникот Петро Андрушченко. Додал дека спасувачите сега се обидуваат да дојдат до преживеаните и да го утврдат бројот на мртвите.

И украинскиот пратеник Сергеј Тарута на Facebook напиша дека има преживеани по нападот врз театарот во Мариупол.

„По ужасната ноќ на неизвесност, утрото на 22-от ден од војнаа конечно добри вести од Мариупол! Засолништето за бомби издржа. Луѓето излегуваат живи“, напиша Тарута.

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова на брифингот во четвртокот повтори дека се „лажни“ информациите дека руските сили наводно го бомбардирале театарот во Мариупол.

Повтори дека руските сили не гаѓаат цивилна инфраструктура, но потсети на постојаните предупредувања од Москва дека паравоените националистички формации вклучени во украинската војска ги поставуваат своите штабови и огнени позиции точно во станбени населби и блиску или во чувствителни објекти, како што се болници, училишта, детски градинки….