Сашо Мијалков куртули од „Титаник 2“, од денеска е слободен човек за овој предмет, бидејќи истекуваат точно десет години од денот за кој беше обвинет дека го сторил делото поврзано со изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година.
Овој предмет е пред апелационите судии, кои ќе одлучуваат дури идната недела. За Мијалков, сега само може да констатираат дека е застарено делото и тој нема да има никаква евентуална казна, а Апелација може да пресече само за Мендух Тачи, Влатко Сајковски, Анета Стефанова, Бедредин Ибраими и Сашо Срцев – петтемина други обвинети во случајот, кои заедно со ексдиректорот на УБК два пати добија пресуда во Кривичниот суд.
„Титаник 2“ првата пресуда ја доби во 2019 година и ги прогласи обвинетите за виновни, но во Апелациониот суд го врати случајот на повторно судење поради суштествени повреди. Втората пресуда дојде на 23 јануари годинава и од тогаш до минатата недела, стоеше во фиока во Апелација.
Сега за Мијалков остануваат активни уште две од шесте дела кои беа отворени – Од отворените дела, тој е на обвинителна клупа уште за „Таргет – Тврдина“ и „Трезор“. За „Таргет-Тврдина“, предметот кој беше отворен за масовното прислушува, има големи шанси да застарат делата ексдиректорот на УБК додека да се дојде до правосилна пресуда, додека пак за „Трезор“, во тек е повтореното судење во кривичниот суд, бидејќи Апелација еднаш ја укина осумгодишната затворска казна за Мијалков и побара ново одлучување.