Полицаец е застрелан попладнево во скопската населба Ѓорче Петров. Нападот се случил околу 16.40 часот на кружниот тек во близина на црквата „Свети Петар и Павле“.
Имал полесни повреди на ногата и е надвор од животна опасност. .
Полицаецот бил во „мерцедес“, а напаѓачите од возило „голф“ пукале кон него.
Полицискиот службеник се уште не се знае дали бил во тој моментот на должност.
Тој имал прострелна рана во ногата и е надвор од животна опасност.
„Според првичните информации З.Р. се здобил со повреди во ногата и се упатил во ГОБ „8-ми Септември” за укажување на помош“, соопшти МВР.
Ранетиот полицаец е син на поранешниот поглавар на ИВЗ Сулејман Реџепи, објави Курир.