Полициски припадници денеска околу пладне застрелале во нога вооружен човек на железничката станица во градот Дармштад во близина на Франкфурт.
Уапсениот човек носел нож и се обидел да нападне патници по што полицајците отвориле оган.
Напаѓачот, кој е префрлен во болница, е на возраст меѓу 20 и 30 години, но засега нема информации за мотивите на нападот. Инцидентот не се поврзува ниту со радикални структури ниту со бранот бегалци од Сирија и Ирак кои што предизвикаа немири во повеќе германски градови минатата недела.
Откако напаѓачот им се заканувал на персоналот и на патниците со нож на железничката станица која што е една од најфрекфентните во Германија, почнала голема паника по што интервенирала полицијата, а привремено е запрен железничкиот сообраќај. Преку Дармштад дневно минуваат 220 возови.