Застрелани три волци во битолско

Застрелани три волци во битолско
Застрелани три волци во битолско

Ловџии од ловното здружение „Сокол“-Битола застрелаа три волци во атарот на пелагониските села Подино и Ивањевци, пренесе МИА.

Акцијата беше организирана на иницијатива на месното население кое во немоќ да се заштити од дивите животни побара помош од нашите ловџии, соопштија од ЛЗ „Сокол“-Битола.

Ловечката хајка по крволочните животни кои ги напаѓаат стадата со овци и кои само викендот задавиле пет овци во селото Подино, беше организирана професионално со 10 ловџии, и од регистрираните пет, отстрелавме три волци. За жал, волци се уште има и затоа ловечките акциите ќе продолжат, а населението го упатуваме на соработка со нашето здружение, информираа од ЛЗ „Сокол“-Битола.