Застрелано едно лице кај ПМФ

Вооружена пресметка попладнево се случила во близина на Природно математичкиот факултет, на улицата Ордан Чопелане.

Според полициски информации, едно лице во критична состојба и со прострелна рана во 15.45 минути било донесено во Градската болница Св. Наум Охридски во Скопје. Неофицијално, станува збор за 27 годишно момче.

Според информации на болницата, момчето имало прострелна рана во пределот на стомакот и моментално е хоспитализиран на одделот на интензивна нега и се прават сите неопходни испитувања по што дежурниот лекарски тим ќе одлучи за понатамошниот третман на пациентот.

Службите на МВР се излезени на терен. Повеќе детали за настанот наскоро…