Млад маж од кумановското село Черкези повредил сограѓанин, вчера, при пукање со пиштол на семејна веселба.
МВР информира дека вчера попладне во 17.15 часот во Куманово од полициски службеници од СВР Куманово е лишен од слобода Е.Г.(29) од Куманово и од него е одземен пиштол, затоа што, според пријавеното на семејна веселба истиот ден во с. Черкези, Кумановско од пиштол испукал неколку куршуми, при што го повредил Е.М.(25) од Куманово.
За настанот е известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.