![србија брза помош](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/09/Yt-k9kpTURBXy85NWNiYzdhMDg2M2VhZDMwNTJhN2UxZGZiYWYxNGIyOS5qcGeRkwLNAxYA3gABoTAF.webp?resize=696%2C465&ssl=1)
Филип Ј. (19) од Белград, е тешко ранет во жестока пресметка што се случила рано утринава на „Лабудово Брдо“ во белградска Раковица и итно бил пренесен во Ургентниот центар каде што лекарите се борат за неговиот живот.
Тој седел во автомобил со девојка, а напаѓачот му пришол и го застрелал во градите и стомакот. Крвавиот настан се случил нешто пред 3 часот на улицата 11-та Краина дивизија, а младиот човек во бесознание со тешки повреди веднаш бил пренесен во Ургентниот центар каде бил опериран.
Како што пишуваат српските медиуми, полицијата интензивно работи на откривање и пронаоѓање на напаѓачот.
Според неофицијални информации, Филип во моментот на пукањето бил со девојка (18) во автомобил „форд“, а веднаш пред пукањето излегол од возилото. Потоа најверојатно се обидел да побегне и повторно влегол во автомобилот, каде повторно бил застрелан. За среќа девојката која била со него не е повредена