Помлад ловџија во неделата на лов во кривипаланечко застрелал повозрасен колега, кој се здобил со сериозни повреди поради што е пренесен на скопските клиники, информраа од полицијата која го истражува инцидентот.
Вчера во полициската станица Крива Паланка било пријавено дека во болницата бил донесен 57-годишниот М.Р. со телесни повреди нанесени од сачми. По укажаната лекарска помош М.Р. бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје.
По преземените мерки било утврдено дека во село Баратлија на место викано Чешмиче, при лов на дивеч, 33-годишниотЕ.Ј. (33) од село Псача, со неколку сачми од ловна пушка, го погодил М.Р..
Полицајците му ја одземале пушката на Е.Ј. која ја поседувал со дозвола. Засега не се знае дали станува збор за несакан ицидент. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.