Заталкан куршум завршил во паркиран автомобил и физички напад во Скопје

Околу еден часот по полноќ кон неделата во Полициска станица Гази Баба, 55-годишната В.Ј. од Скопје пријавила дека во 00.49 часот, додека била во својот дом на подрачјето на Гази Баба, слушнала звук а потоа забележала залутано зрно на нејзиното паркирано патничко возило „опел корса“, со скопски регистарски ознаки, при што била оштетена и шофершајбната.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, а зрното е подигнато за натамошна постапка.

Два часа подоцна, околу 3,04 часот во Полициска станица Аеродром Г.Р. на 41 и С.М. на 26 години, двајцата од Скопје, пријавиле дека околу 02.30 часот во засебен инцидент пред угостителски објект на подрачјето на Аеродром биле физички нападнати од неколку лица.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.