Двете гостиварки кои синоќа биле примени на Клиниката за токсикологија во Скопје со симптоми на малаксаност, вртоглавица и поспаност, откако претходно јаделе печурки кои сами ги собрале и веројатно биле отровни, се во добра здравствена состојба, објави МИА.
В.д. директорот на Клиниката, Нестор Поповски изјави дека на двете гостиварки веднаш им се направени потребните лабораториски испитувања и сите параметри се добри. Посочи дека ако резултатите од дополнителните испитувања се добри тие утре ќе бидат пуштени дома.
Граѓаните кои не ги познаваат печурките не треба да ги собираат. Би апелирал да се избегнува да се собираат печурки во природа. При труење со отровни печурки страдаат повеќе органи, додаде Поповски.