Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Затуроска, од собраниската говорница во четвртокот порача Тиранската платформа да се спроведе во Албанија, каде што и беше составена, за да се види какви резултати ќе даде таму, имајќи ги предвид тамошните неалбански етнички зедници, меѓу кои и македонската.
„Доколку не е толку опасна Тиранската платформа, како што велат од СДСМ и од албанските партии, ете, нека ја спроведат во Албанија, па според резултатите ќе видиме дали е таа опасна или не. Со тоа албанските партии би покажале лојалност кон Зоран Заев и ќе докажат дека нема никаква опасност од уривање на унитарноста на државата“, рече Затуроска.