
Mигрантите кои нелегално пристигнале во пристаништата на Белгија ќе бидат казнувани со затвор од шест месеци до една година.
Усвојувањето на измените е поврзано со стравувањата дека голем број мигранти од растурениот камп покрај францускиот град Кале ќе се обидат преку белгиските пристаништа да стигнат до Велика Британија.
Предвидено е казните да бидат двојно поголеми, доколку делото се повтори во период од пет години.