Затворањето на унгарската граница предизвика проблеми во Австрија

Одлуката на унгарските власти за затворање на своите граници за патнички сообраќај предизвика денеска огромни проблеми на австриска страна.

Според податоците на полицијата, во утринските чаови колоната камиони кон граничниот премин Никелсдорф-Хеѓешалом достигнала должина од 17 километри, а патничките автомобили пет километри.

На преминот чекаат голем број бугарски и романски државјани кои се враќаат од Германија. На нив не им е дозволен влез во Унгарија.

Во колоната со автомобили има многу деца и возрасни лица кои со часови чекаат, па австриските власти бараат начин да им помогнат.