Затворен дел од магистралниот пат Кичево – Гостивар поради сообраќајка

АМСМ информира дека во 12:45 часот затворен е дел од магистралниот пат Кичево – Гостивар, кај раскрсницата со патот за с.Грешница (Кичево).

Од таму велат дека патот е затворен поради сообраќајна незгода.