Затворен најголемиот вакцинален пункт „Борис Трајковски“, граѓаните со сè помал интерес за вакцинација ?!

Скопската сала „Борис Трајковски“ која беше најголем функционален пункт од синоќа повеќе не е во функција. Тоа се должи на намалениот интерес на граѓаните за вакцинирање. Од Министерството за здравство информираат дека повторно ќе биде отворен доколку има потреба.

„Како друга причина за затворање на овој пункт е тоа што просториите на центарот се потребни за други активности. Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје, најмногу граѓани вакцинирани со прва доза има во Охрид, Кавадарци, Гевгелија и Неготино. Најмногу со прва доза вакцинирани граѓани има во градовите Охрид, Кавадарци, Гевгелија и Неготино. Најголем опфат на вакцинирано население со прва доза има во градовите Битола, Д.Хисар, Ресен, Велес, Берово, Пехчево, Прилеп, Крушево, Валандово, Штип и Пробиштип. Помеѓу 40-50% опфат на вакцинирани граѓани има во градовите Кичево, Св.Николе, Кочани, Делчево, К.Паланка, Струга, М.Брод, Скопје и Тетово. Најмалку вакцинирани во моментов има во Виница, Куманово, Кратово, Дебар, Струмица, Гостивар и Радовиш“, велат од Министерството за здравство.