Затворен патот Гостивар – Кичево поради сообраќајка

На 12.09.2024 година од 21.20 часот на магистралниот пат А2, Гостивар – Кичево, сообраќајот е во целосен прекин поради случена сообраќајна незгода, соопштија од АМСМ.

Од таму известуваат дека возилата ќе се пренасочуваат преку селото Рабин.

Повеќе детали се очекуваат наскоро.