Затворен патот Велес – Градско поради асфалтирање

Поради асфалтирање, денеска од 8 до 18 часот е  затворен за сообраќај патот Велес – Градско, во близина на винарија Стоби, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.