Во петокот во периодот од 17.30 до 20.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово, во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле контрола на 36 угостителски објекти на териториите на општините Куманово и Липково, во врска со почитување на одлуките на Владата за работното време, како и држење на дистанца, точење алкохол на малолетници и други прекршоци.
При извршената контрола во 17.30 часот, во угостителски објект во Никуштак, општина Липково, сопственост на 29-годиниот А.Р. од селото, на една маса биле затекнати повеќе лица од дозволеното, односно од страна на угостителот не е почитуван протоколот од Уредбата на Владата за спречување на ширењето на короанвирусот. Од страна на Државниот пазарен инспекторат објектот бил привремено затворен.