Затворена чајџилница во Гостивар, приведени газди на кафеани во Тетово и Скопје

Затворени се чајџилница во Гостивар и кафеани во Мала Речица и на Бит Пазар, информира МВР.

Синоќа во 22:50 часот, при извршена контрола на чајџилница во Гостивар, сопственост на М.И.(45) од Гостивар, констатирале дека се постапува спротивно на законски пропишаното работно време за време на епидемија, при што во објектот имало 11 гости.

Државниот пазарен инспекторат ја затворил чајџилницата, а сопственикот М.И. е лишен од слободе извршена коа.

Синоќа по 21 часот во кафеана на Бит Пазар биле затекнати 22 лица, од кои еден малолетник, кои се лишени од слобода.