![Elenko-Milanov-960x634](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/09/Elenko-Milanov-960x634.jpg?resize=696%2C460&ssl=1)
Адвокатот Еленко Миланов кој има долгогодишна пракса во текот на вчерашната емисија 24Анализа посочи дека истрагата со Рекет фрла сомнеж дека се води противзаконито затоа што истрагата е затворена, без да се земе исказ од обвинетите.
-Јас би се повикал на членот 302, став 2 од Законот за кривична постапка кој вели јасно и децидно “ пред завршување на истражна постапка Јавниот обвинител, ако тоа не го сторил претходно, е ДОЛЖЕН да го испита обвинетиот“. И како сега може кога тој бара увид, подготовка за својот исказ, да му дадете известување за завршена истрага? А истрагата мора да заврши дури по неговиот распит- се запраша адвокатот Миланов.
Ова го доведува во прашање професионалниот пристап на Обвинителството во случајот Рекет, бидејќи надлежниот обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Рускоска, по анализа на прибраните материјални и вербални докази информираше дека е завршена истражната постапка за „Рекет“ и дека тече рокот од 15 дена за увид во доказите за првоосомничените лица и правото на одбраната да предлага докази во корист на осомничените. Притоа искази се уште не се земени од Катица Јанева и Бојан Јовановски Боки 13