Затворени гласачките места, слаб одѕив на избирачите

Во 19 часот затворени се избирачките места на кои граѓаните на Република Северна Македонија можеа да гласаат на првиот круг од шестите претседателски избори. По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.

На 3.480 избирачки места во Републикава и на 32 во странство на шестите претседателски избори можеа да гласаат 1.808.131 граѓанин запишани во избирачкиот список. Гласачките места беа отворени во 7:00 часот.

Портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска информира дека гласањето не се одржа на едно гласачко место во општина Студеничани, бидејќи отворањето доцнеше повеќе од три часа.

Последните информации за излезноста на овие претседателски избори е под 40 отсто.