Затворени ординациите во Германија, лекарите бараат прекин на мерките за штедење

Повеќето приватни лекарски ординации во Германија ќе останат затворени во понеделникот поради штрајкот со кој се бара промена на здравствената политика и прекинување на строгите мерки за штедење.

„Лекарските ординации се во можност да понудат сè помалку прегледи за пациентите, а тоа е резултат на долгогодишен притисок од политички и здравствено осигурување“, рече Дирк Хајнрих, претседател на Здружението Вирхов, кое ги обединува лекарите од општа пракса.

Хајнрих истакна дека политиката и здравственото осигурување со години им оставаат сѐ помалку простор на лекарите да обезбедуваат грижа за пациентите преку политиките за штедење и растечката бирократија. Во протестното писмо на здружението Вирхов се споменуваат и поскапувањата предизвикани од инфлацијата.

Штрајкот треба да укаже и на недостигот од лекари и потребата од зголемување на бројот на студенти по медицина. Во писмото до министерот за здравство Карл Лаутербах, од владејачката Социјалдемократската партија на Германија (SPD) се бара воведување итна служба за пациенти кои не можат да закажат преглед кај лекар.

Лаутербах укажа на високата заработка на лекарите преку платформата Х и се потсмеваше на фактот дека тие денеска избрале да штрајкуваат за да „премостат“ до националниот празник Денот на германското обединување во вторник.

„На денешниот понеделник, во пресрет на празникот, лекарите штрајкуваат и тие како фармацевтите сакаат повеќе пари. Но во просек по одбивањето на трошоците заработуваат околу 230.000 евра годишно“, рече министерот за здравство.

Лекарските здруженија зборуваат за просечен нето годишен приход, по сите одбитоци за пензиско и здравствено осигурување, од 85.555 евра, а на Лаутербах му забележале дека се грижи само за потребите на клиниките, а не и на лекарските ординации.

По правило, треба да чекате месеци за специјалистички лекарски преглед во Германија, а многу специјалисти во поголемите градови повеќе не примаат нови пациенти.

Сите вработени во Германија се обврзани да уплатат 14 отсто од приходите во т.н фондови за задолжително здравствено осигурување.

Граѓаните со повисоки примања можат да се осигураат со т.н приватно осигурување, кое во некои случаи, со повисоки бруто приходи, може да значи и помали месечни исплати. Таканереченото по правило, приватните пациенти уживаат подобар третман кога закажуваат преглед или за време на престој во клиника.

Набљудувачите со години го критикуваат германскиот систем за финансирање на здравството дека е премногу тежок, а исто така истакнуваат дека голем дел од средствата се проголтани од големата бирократија. Се зборува и за „двокласен“ здравствен систем кој ги фаворизира граѓаните со подобри приходи, што е спротивно на идејата за солидарен здравствен систем.

На укинувањето на приватното осигурување и изедначувањето на финансирањето со години се противат партиите на Христијанско-демократската унија CDU/CSU и либералите.

Германија издвојува 13,2, во 2022 година, проценти од бруто националниот приход за здравството, што е највисоко во Европската унија.